Ерик Вон, извршен директор на софтверскиот гигант „Игнит тех“, отпушти дури 80 проценти од своите вработени затоа што не ја делеле неговата визија дека генеративната вештачка интелигенција е егзистенцијална трансформација.
Како што изјави тој, промената на начинот на размислување е потешка од воведувањето нови вештини, па затоа верува дека се неопходни радикални отпуштања.
Во текот на 2023 и 2024 година, компанијата инвестираше масовно во алатки за вештачка интелигенција, курсеви и обуки, па дури и воведе „понеделници за вештачка интелигенција“, кога сите вработени мораа да работат исклучиво на проекти во оваа област. Сепак, имаше голем отпор – некои вработени активно го саботираа воведувањето на вештачката интелигенција. Затоа, компанијата започна масовно вработување нови специјалисти за иновации во вештачката интелигенција.
Резултатот беше одличен: до крајот на 2024 година, компанијата лансираше две нови решенија за вештачка интелигенција, вклучувајќи платформа за автоматизација на е-пошта, и постигна исклучителни финансиски резултати.
– Денес, верувам дека секоја компанија во светот се соочува со истиот предизвик – да ја прифати вештачката интелигенција или да пропадне – рече Вон, нагласувајќи дека би го направил истото тоа повторно.