Денеска во Битолa делегацијата на Амбасадата на Русија на чело со амбасадорот Сергеј Баздникин учествуваше во манифестацијата „Денови на А.А.Ростковски“, организирана од Регионалното здружение за македонско-руско пријателство во спомен на рускиот императорски конзул, кој трагично загинаа пред 122 години.
Свештениците на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија според воспоставената традиција одржаа панихида. Дипломатите положија венец на споменикот „Рускиот крст“, подигнат на иницијатива на локалните жители во чест на рускиот конзул.
-Ги сметаме овие денови како можност да му оддаваме почит на рускиот дипломат, чие име засекогаш е впишано во историјата на руската дипломатска служба, уште еднаш да потсетиме на длабокото културно и духовно единство и историската поврзаност меѓу народите на Русија и Македонија. Познат како „град на конзулите“, Битола со право има посебно значење за нашите сонародници. Овој втор по големина град беше многу привлечно место за Русите, долго време се сметаше за центар на „руската колонија“ – со векови тука доаѓале духовници, научници и патници кои оставиле записи за своите впечатоци. За време на револуционерните превирања во Русија, Битола стана засолниште за стотици руски офицери, лекари, инженери, професори, свештеници и уметници кои дадоа голем придонес за развојот на градот – рече амбасадорот Баздникин во својот говор.
Битола, истакна тој, е значаен град за историјата на руската дипломатија.
-Токму тука, во 1860 година, беше основан првиот руски императорски конзулат на Балканот, кое се отвори на 23 април 1861 година – патем речено, на православен Велигден. Дипломатите кои работеле тука активно му помагале на локалното население. Во 1901 година, со преобразувањето на вицеконзулатот во конзулат, руски императорски конзул во Битола стана Александар Аркадјевич Ростковски. Познато е дека тој со чест ја извршуваше својата мисија, вклучително и посетувајќи ги словенските села и поддржувајќи го христијанското население на Македонија. Неговата дејност придонесе за процесот на ослободување на словенските народи на Балканот, за формирањето на македонската национална свест. Ростковски активно ги поддржуваше идеите за автономија на Македонија, верувајќи дека секој народ треба да се развива по својот сопствен пат – рече Баздникин.
Трагичната смрт на А.А.Ростковски на 8 август 1903 година – за време на Илинденското востание, кога, според фигуративните зборови на академик Блаже Ристовски, „во соседното Крушево, со крв и со оган се бранеше слободната територија“, – остави длабока трага во сеќавањето на жителите на Битола и во историјата на руската дипломатија.
-Околностите на трагедијата се добро познати – нема да ги повторувам. Вдовицата на дипломатот Екатерина Ростковскаја подоцна забележа: „Мојот сопруг … ја извршил својата должност. Тој ја бранеше честа … на униформата и … на земјата на која ѝ служеше толку искрено, толку посветено“. Споменикот „Рускиот крст“, подигнат на местото на неговата смрт, е јасен доказ дека споменот на него живее во срцата на луѓето. Несебичната работа на А.А.Ростковски е пример за генерации дипломати, потсетување
на високата одговорност на дипломатската служба, на важноста на трудот во корист на мирот и согласност меѓу народите. Денес, нашите војници, кои се борат против нацистичката идеологија на фронтовите на специјалната воена операција, ги бранат интересите на Русија, ѝ служат на татковината со иста посветеност како и нивните претходници. Нивните подвизи и храброст се достојни за спомен на големите предци, се гаранција дека сите цели на специјалната операција ќе бидат исполнети.
Отворени сме да разговараме за опции за постигнување на долгорочно мирно регулирање на украинската криза. Како што знаете, во процесот на подготовка е средба на претседателите на Русиjа Владимир Путин и САД Доналд Трамп во Алјаска. Ние сме на прав пат – со нас се Бог и вистината. Победата ќе биде наша. Посебна благодарност до претседателот на Сојузот на здружениjата за македонско-руско пријателство г-нот Романски, до претседателот на Регионалното здружение за македонско-руско пријателство
г-нот Анастасовски, како и до сите членови на здружениjата за вниманието кон руската култура и искрената љубов кон Русија. Високо го цениме вашиот однос кон заедничкото наследство на нашите земји, искрено сме благодарни за вашите напори во зачувување на историското сеќавање и зајакнување на братските врски меѓу нашите народи – додаде Баздникин.