Фото: Кире Михаилов/Фејсбук

Денеска попладнево избил пожар кај ресенското село Долно Дупени, во близина на Преспанско Езеро.

Како што информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, пожарникарите од ТППЕ Ресен успеале да ги спасат викендиците и куќите од селото, а огнот се движи кон непристапен терен.

Во гаснењето на пожарот се вклучени два ер трактори и еден полициски хеликоптер.

Пожарникарите добиле помош од локалното населние.