Фото: Доналд Трамп/Фејсбук профил

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во денешните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

На својот профил на мрежата Truth Social, тој изјави дека ги информирал одредени европски сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин во Москва и дека се согласува со сите дека војната во Украина мора да заврши.

– Мораме да работиме на тоа во наредните денови и недели – рече Трамп.