Во периодот од вчера до утрово до 7 часот на отворен простот се активни пет пожари, а 19 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од активните пожари еден е во општина Дојран во село Николич каде гори нискостеблеста шума, друг во општина Чучер Сандево, каде во село Горњани гори исто така нискостеблеста шума.
Активен пожар има и во општина Велес кај село Џидимирци и Крушје, каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод помеѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина каде гори дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Според информациите од ЦУК пожар има и во општина Прилеп во населбата Три Багреми со кој е зафатена ниска вегетација.