Интеграцијата на бегалците кои од изминатите години се во Германија се одвива брзо и поуспешно од очекуваното, изјави претседателот на Сојузот на германски работодавачи, Инго Крамер.
– Ангела Меркел имаше право кога пред три години рече – „ќе успееме“. Од повеќе од милион луѓе кои дојдоа во Германија особено по 2015 година, моментно преку 400 илјади се во работен однос или се во процес на стручно образување – изјави Крамер за „Аугсбургер цајтунг“.
Тој смета дека особено младите бегалци добро се интегрираат и кога е во прашање учење на германски јазик.
Крамер апелираше на општеството да го промени ставот кон поимот миграција.
– Многумина доселеници се темел на германската економија. Не треба да стравуваме од доселување туку на луѓето кои доаѓаат во Германија мора да гледаме како на збогатување на нашетои општество, нагласи Крамер.