Andrey Belousov
Фото: ЕПА

Воено-политичката ситуација во светот продолжува да се влошува, а потенцијалот за вооружени конфликти расте, предупреди рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов.

– Сегашната воено-политичка ситуација во светот останува сложена и покажува тенденција за понатамошно влошување. Геополитичките противречности се интензивираа, а темелите на стратешката стабилност брзо се уриваат. Потенцијалот за конфликт се зголеми“, рече Белоусов за време на обраќањето на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС) во кинескиот град Кингдао – објавија руските меидуми.

Рускиот министер истакна дека, во такви околности, драстично се намалила улогата на меѓународните институции, кои, како што рече, треба да ја гарантираат глобалната безбедност и стабилност, додавајќи дека тие веќе не ја исполнуваат својата основна функција.

Белоусов ги припиша причините за сегашната нестабилност на „деструктивниот тек на колективниот Запад“, чија цел, според неговите зборови, е да се зачува глобалната доминација по секоја цена.

– Во светот се создаваат сè повеќе жаришта на нестабилност, вклучително и области во рамките на Шангајската организација за соработка и по нејзините граници – рече тој.

Рускиот министер ги повика земјите од ШОС да ја зајакнат соработката во областа на безбедноста и заеднички да одговорат на растечките предизвици на меѓународната безбедност.