Фото: ЕПА

Словачка

Словачкиот парламент усвои резолуција со која „се отфрла политиката на ЕУ за санкции против Русија“.

Претседателот на парламентот, Рихард Раши, сумирајќи ги резултатите од гласањето, рече дека присутни биле 76 пратеници, 51 биле „за“, еден „против“, а 23 „воздржани“.

Некои карактеристични точки од резолуцијата

Во текстот на усвоената резолуција се наведува дека „парламентот ги обврзува членовите на словачката влада, во рамките на меѓународните организации и сојузи чиј член е Словачка, како и во рамките на меѓународните договори кон кои е обврзана Словачка, да не гласаат за усвојување нови санкции и трговски ограничувања против Русија и активно да промовираат мерки за стабилизирање на енергетскиот пазар, елиминирање на нестабилноста на цените и заштита на стратешките интереси на словачката економија“.

Резолуцијата, која ја отфрла политиката на санкции и трговски ограничувања против Русија, според официјална Словачка, има цел „да ги заштити економските и енергетските интереси на Словачка“.

Усвоената резолуција беше предложена до парламентот од Словачката национална партија (СНС), која е дел од владината коалиција. Р.С.