Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Кремљската палата во руската престолнина Москва на средба со неговиот руски колега Владимир Путин.
Според Кремљ, фокусот на разговорите меѓу двајцата лидери ќе биде изградбата на долго планираниот втор гасовод за извоз на гас во Кина и прашања на меѓународната агенда како што се војната на Русија во Украина и продолжувањето на преговорите меѓу Вашингтон и Москва.
Си, кој вчера пристигна во четиридневна посета на Русија, треба да биде највисок гостин на годишната воена парада на Црвениот плоштад по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа.