Неименуван висок израелски претставник денеска изјави дека Израел до средината на месецот ќе преговара за ослободување на заложниците од Појасот Газа и покрај подготовките за голема воена операција за победа над Хамас.
Според него, Израел до крајот на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на регионот ќе преговара за ослободување на заложниците врз основа на планот предложен од Вашингтон.
Предвидено е Трамп да го посети Блиски Исток од 13 до 16 мај.