Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Одбојкарките на Јанта Волеј КВ и девојките од тимот на Наковски Волеј ќе игра во финалето на завршниот турнир за младинки во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Во првиот полуфинален меч Јанта Волеј КВ со 3-1 во сетови (25-22, 25-19, 22-25, 25-12) ги совладаа врсничките на Работнички Скопје, додека пак Наковски Волеј славеа со 3-0 (25-20, 25-17, 25-16) во дуелот со Газели Волеј.

Во мечот за трето место во младинска машка конкуренција бронзениот медал им припадна на младите одбојкари на Весна Пробиштип кои со 3-0 во сетови (25-16, 31-29, 25-23) го совлада тимот на Работнички 71&22.

Утре во малото финале во мечот за трето место во 11ч. ќе се сретнат девојките од Газели Волеј и Работнички Скопје, додека пак финалето меѓу младите одбојкарки на Јанта Волеј КВ и Наковски Волеј е закажано за 13.30 ч.

Машкото младински финале меѓу Струмица 47&72 – ГОК Борец ќе се игра од 16 ч.