Фото: Маја Јаневска Илиева

На крајот на учебната 2023/2024 година во редовните основни училишта 179.661 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65.737 ученици ја завршиле годината – соопшти Државниот завод за статистика.

На крајот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 181.311, што претставува намалување за 0.5 % во однос на претходната учебна година.

Во истата учебна година основно образование завршиле 19.179 ученици.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2023/2024 година изнесува 65.995, што претставува намалување за 1.0 % во однос на претходната учебна година.

Средното образование во оваа учебна година го завршиле 18.146 ученици.