фото: ДОМ

Градот Чачак денеска истакна македонски знамиња на сите ЛЕД екрани и интерактивни тотеми со кои управува градот во знак на солидарност и сочувство во тага со граѓаните на Македонија по трагедијата во градот Кочани, јави МИА.

Покрај српското знаме, македонското знаме ќе биде истакнато утре и на сите јавни установи во градот.

– Сметаме дека на овој начин најдобро можеме да покажеме колку ни е тешко и жалиме што се случи таква трагедија. Ова е уште една можност да го изразиме нашето длабоко сочувство во името на сите граѓани на градот Чачак во врска со трагедијата што ги погоди нашите пријатели од Северна Македонија – рече Петковиќ во изјава за српски медиуми.
Тој додаде дека знамињата на Македонија ќе останат на ЛЕД екраните и интерактивните тотеми до сабота.