Општина Гази Баба соопшти дека во координација со Владата, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје.
-Во овие моменти на силна болка и тага во нашите срца потребно е да се организираме и да ја покажеме нашата солидарност, хуманост и сочувствителност – напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.
На секој граѓанин на кого му е потребно сместување и престој во Скопје може да се јави на следните телефонски броеви:
Игор Петрески – 075430106 претставник на ДУЦОР Партенија Зографски
Иван Симоновски – 078292582, директор на Студенскиот дом Томе Стефановски Сениќ и
Перица Пешевски – 075336338 претставник на општина Гази Баба.