Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор

Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Клековски: Пристигна тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија

Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски на неговиот фејсбук-профил објави дека денеска се згрижени над 140 настрадани. ДЕТАЛНО


Ѓоковиќ изрази сочувство до загинатите во Кочани

На неговиот Инстаграм профил, Ѓоковиќ објави фотографија со македонското знаме со црна панделка. ДЕТАЛНО


Грција: Брзата помош и неколку болници се во состојба на готовност за прием на повредени со изгореници

Националниот центар за брза помош е во целосна оперативна готовност за транспорт и лекување на повредени со изгореници по барање на Северна Македонија, напиша на платформата Икс, министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис и посочи дека четири болници во Атина и Солун се во состојба на зголемена готовност, јави дописничката на МИА од Атина. ДЕТАЛНО


Израелски медицински експерти ќе пристигнат во Македонија

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го информираше министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, дека израелски медицински експерти ќе допатуваат во земјава за да помогнат по пожарот во кој загинаа 59 луѓе. ДЕТАЛНО


Бугарското МЗ објави контакт број за роднините на настраданите што се пренесени таму на лекување

Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, информации за установата за лекување во која престојуваат нивните најблиски можат да добиваат 24/7 од дежурно лице во Министерството за здравство на Република Бугарија на телефонскиот број 02/ 8050 300. ДЕТАЛНО


На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани

На зградата е испишана пораката „Србија стои со Северна Македонија“. На фасадата електронски се менува знамето на Макеоднија со црна позадина, по што се појавува фотографија од запалена свеќа. ДЕТАЛНО


Авион на српската армија со медицински персонал полета кон Скопје за евакуација на повредени од пожарот

Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во ВМА и Клиничкиот центар на Србија, соопшти српското МО. ДЕТАЛНО


Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска

Уште четворица пациенти кои се наоѓаа на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски” со амбулантски возила доцна попладнево се пренесени до аеродром, од каде ќе бидат транспортирани во Хрватска. ДЕТАЛНО


Тројца пациенти од Штип се носат на клиниките во Скопје

Тројца пациенти хоспитализирани во болницата во Штип по пожарот во Кочани вечерва со возила на Итната медицинска помош се носат на клиниките во Скопје, јави дописникот на МИА. ДЕТАЛНО


Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и не е склучен писмен договор меѓу организаторот и групата

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, информираше вечерва jавниот обвинител Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот. ДЕТАЛНО


На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани

Пациентка од Кочани каде синоќа се случи пожар во дискотека при што загинаа најмалку 59 лица, пристигна доцна попладнево на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, јави МИА. ДЕТАЛНО


Не планираме воведување вонредна состојба и вклучување меѓународни експерти, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва соопшти дека сега за сега не се планира воведување вонредна состојба во државата и не планираат да вклучат меѓународни експерти во делот на истрагата за трагичната несреќа во Кочани. ДЕТАЛНО


Мицкоски: Нема да има милост кон никого, од утре почнува робусна акција за проверка на сите угостителски објекти

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата најави дека од утре ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени. На новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, рече дека сѐ додека не ги порази сите овој корумпиран систем, нема да поднесува оставка, а за кредибилитетот на еден политичар ќе се види на избори. ДЕТАЛНО


Бугарија: 14 од повредените од пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна

Бугарија презеде обврска да згрижи 14 лица за лекување по трагичниот пожар во Кочани. Од нив, осум пациенти ќе бидат примени во Универзитетската болница за итна медицина „Пирогов“ во Софија, соопшти заменик-директорот на болницата, проф. Николај Габровски. ДЕТАЛНО


Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани. Ова го потврдуваат од МВР за МИА. ДЕТАЛНО


Ќе преземеме низа мерки, активности и одлуки, тоа им го должам на семејствата на загинатите, рече Мицкоски

Со едноминутно молчење премиерот Христијан Мицкоски ја почна прес – конференцијата на која потенцираше дека во неговиот живот имал многу тешки моменти и предизвици, но ова денес, како што рече, е убедливо најтешкиот ден од мојот живот. ДЕТАЛНО


МО на Србија: Испратени 14 лекари и медицински персонал за помош на настраданите во пожарот во Кочани

Министерството за одбрана на Србија итно испратија 14 лекари и медицински персонал и пет возила на брза помош за да им укажат помош на повредените во пожарот во Кочани, јави МИА од Белград. ДЕТАЛНО


Мицкоски: Ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите

Ќе се разгледат и испитаат од страна на институциите сите аспекти и сите проблеми кои доведоа до оваа трагедија без скрупули кон никого. Ќе се испитаат аспектите на контрола и сѐ она која јавноста оправдано го детектира, како проблем и предизвик на општеството. Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната, но промените почнуваат од нас самите. ДЕТАЛНО


ВМРО-ДПМНЕ: Не е време за политички калкулации, туку за единство

Во овие моменти на длабока тага, кога Македонија тагува за изгубените животи, не ни паѓа на памет да се впуштаме во политички препукувања, соопшти вечерва ВМРО-ДПМНЕ. ДЕТАЛНО


Чупеска: За трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на прес-конференција од седиштето на партијата побара одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, но и темелна и независна истрага за трагедијата во Кочани. Таа испрати апел до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај и одговорните да одговараат. ДЕТАЛНО


Граѓани во Кочани палат свеќи за жртвите во пожарот – Нова Македонија

Граѓани во Паркот на револуцијата во Кочани палат свеќи во чест на жртвите што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“, јави екипата на МИА од терен. ДЕТАЛНО


Во Бугарија транспортирани осуммина од повредените во пожарот во Кочани, се очекува пристигнување на уште пет лица

Со бугарскиот воен авион „Спартан“ превезени се осуммина од повредените во пожарот во Кочани, Република Северна Македонија – соопшти бугарската владина прес-служба. Петмина од транспортираните се тешко повредени и се на механичка вентилација, и уште тројца на кои не им е потребна – јави БТА. ДЕТАЛНО


Во Грција ќе бидат хоспитализирани 18 повредни со изгореници во пожарот во Кочани

Во болницата Папаниколау во Солун и во воените болници во Атина и Солун, ќе бидат хоспитализирани 18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани, брифираа грчки владини извори – јави дописничката на МИА од Атина. ДЕТАЛНО


Селами: Од дискотеката во Кочани не постои барање за елаборат што го издава ДЗС

За објектот каде се наоѓа дискотеката во Кочани никогаш не бил побаран елаборат за противпожарна заштита, покажуваат документите од Дирекцијата за заштита и спасување. ДЕТАЛНО


Станков: Обдукција при масовни несреќи врши Институт за судска медицина и криминалистика, друг начин за идентификација и докази не постои

Обдукција и идентификација при масовни несреќи врши Институт за судска медицина и криминалистика. Обдукција и идентификација мора да се направи за да се утврди идентитет и причини за смрт, за понатаму тие докази да се искористат во евентуални судските постапки. Директорот на Институт за судска медицина и криминалистика Александар Станков во изјава за МИА посочува дека друг начин за идентификација и докази не постои, со оглед дека нашата земја е член на Меѓународната организација за криминалистичка полиција – Интерпол. ДЕТАЛНО


Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, на помош пристигнуваат специјалисти по изгореници

Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари. ДЕТАЛНО


Силјановска Давкова: Одговорните не смее да ги избегнат правото, правдата и казната

Претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова попладнево во обраќање до јавноста по трагедијата во Кочани порача дека не е време на делби и конфронтации и дека никој што е одговорен нема да ги избегне правдата и казната. ДЕТАЛНО


Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот ДНК

Музичари и познати личности на социјалните медиуми се збогуваат со трагично загинатите членови на групата ДНК кои загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани. Меѓу загинатите е и фронтменот на групата Андреј Ѓоргиевски. ДЕТАЛНО


Тројцата повредени во пожарот пристигнаа во болницата во Солун

Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево биле пренесени и пристигнале во Солун, каде што ќе бидат хоспитализирани во болницата Папаниколау. ДЕТАЛНО


ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани

Европската Унија доби барање од Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија. ДЕТАЛНО


Клековски: Конзилиум проценува дали повредени во Кочани треба да бидат транспортирани во странство

Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место. За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. ДЕТАЛНО


Авионот „Спартан“ полета за Скопје, во бугарските болници ќе превезе пет тешко

По налог на бугарскиот премиер Росен Жељазков, авионот Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Македонија. Авионот од Скопје до бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот на забавна локација во градот Кочани. Ова го соопшти владината прес-служба. ДЕТАЛНО


Влада: Секој инволвиран во трагичниот настан ќе одговара, вонредна инспекција во угостителските објекти

Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со што им оддаде почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Донесе одлука за прогласување седумдневна жалост на територија на целата држава, а во МНР ќе биде отворена книга на жалост. ДЕТАЛНО


Четири пациенти транспортирани во Србија и во Софија, се очекува транспорт на уште двајца

Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски “, Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. ДЕТАЛНО


Возила од Итната медицинска помош од Бугарија пристигнаа во Клиничкиот центар во Скопје

Повеќе возила на Итната медицинска помош од Бугарија пристигнаа во Клиничкиот центар во Скопје од каде треба да бидат хоспитализирани пациенти на лекување во Бугарија. ДЕТАЛНО


Свештената бигорската Обител: Повторно сме очевидци за тоа како неодговорноста, небрежноста и алчноста можат да доведат до ненадоместливи загуби

Оваа невидена трагедија кај нас, којашто одзеде десетици млади животи, смртно ја рани и онака измачената народна душа. Болката од овие загуби е неизмерна, а ние, како браќа и сестри во Христа, како граѓани на Македонија, неизбежно ја чувствуваме како своја, стои во објвата Свештената бигорската Обител. ДЕТАЛНО


Досега утврдени три починати и повеќе од 20 повредени малолетници

Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, а продадени биле околу 250 карти, а досега утврдени се три починати и повеќе од 20 повредени малолетни лица. ДЕТАЛНО


Тројца членови од бендот ДНК жртви на пожарот во Кочани, меѓу нив и пејачот Андреј

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, како и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски. ДЕТАЛНО


Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје. ДЕТАЛНО


Турција изразува сочувство до Македонија

Турското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во Македонија и до сите граѓани на земјата. ДЕТАЛНО


ЕУ подготвена да и помогне на земјава околу трагедијата

Европската Унија е подготвена да помогнеме на Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. ДЕТАЛНО


Тошковски за пожарот во Кочани: Фирмата немала легална лиценца, осомничени над 20, а 15 лица во полициска станица

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ДЕТАЛНО


И Сара Пројкоска меѓу загинатите во пожарот во Кочани

Секоја минута се зголемува бројот на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.
Од Факултетот за музичка уметност во Скопје соопштија дека загинала и Сара Пројкоска, вонреден професор, која на синоќешниот концерт на ДНК била придружен вокал. ДЕТАЛНО


Утре ќе биде ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во Кочани

По повод трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, понеделник, 17 март, во Црна Гора е прогласен за Ден на жалост.


Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави

Дваесет и седум повредени во пожарот во Кочани ќе бидат транспортирани во здравствени установи во соседните држави. Министерството за здравство информира дека се организира авионски транспорт за најтешко повредените во пожарот. ДЕТАЛНО


Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

Украинскиот претседател Володмир Зеленски изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, до претседателката Гордана Силјановска Давкова и до македонскиот народ, по трагедијата во Кочани. ДЕТАЛНО


Откажани сите планирани настани во установите од културата во текот на следната недела

Министерството за култура и туризам во знак на почит кон настраданите во трагедијата што се случи рано утринава во Кочани и нивните семејства, информира дека сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на следната недела се откажуваат. ДЕТАЛНО


Грчки дипломатски извори: Барање од Скопје до Атина за транспорт на повредени во Грција

Македонија поднела барање до Министерството за надворешни работи на Грција за транспорт во земјата на повредените од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, брифирале грчки дипломатски извори за грчката државна новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. ДЕТАЛНО


Сочувство од Амбасадата на Русија по трагедијата во Кочани

Амбасадата на Русија во Македонија изразува сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во ноќниот клуб во Кочани. ДЕТАЛНО


Петмина од Штип загинале во пожарот во Кочани, меѓу загинатите и двајца членови на бендот на ДНК

Во несреќата во дискотеката во Кочани, според првичните информации од Општина Штип, загинати се пет лица од оваа општина, од кои три деца. Според градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, двајцата возрасни се директорот на Центарот за култура Филип Стевановски и вработен во основното училиште „Ванчо Прќе“. И двајцата свиреле во бендот на „ДНК“, кои настапуваа ноќта кога избувна пожарот во Кочани. ДЕТАЛНО


Активирани стручни тимови за кризна интервенција и психосоцијална поддршка за семејствата на настраданите во Кочани

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во соработка со Меѓуопштинските центри за социјална работа во Кочани и Штип, веднаш презема мерки за поддршка на семејствата погодени од трагедијата што се случи рано утрово во кочанската дискотека. ДЕТАЛНО


РФМ побара одложување на натпреварот со Словенија, ЕХФ не дозволи, мечот ќе почне со едноминутен молк

Ракометната федерација на Македонија денес стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара одложување на натпреварот меѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше одобрено, соопшти РФМ. ДЕТАЛНО


Директорот на Центарот за култура Штип меѓу починатите во Кочани

Меѓу починатите во големата несреќа во дискотеката во Кочани е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, Филип Стевановски, објави МИА. ДЕТАЛНО


Хотелите во Скопје се отворени за бесплатно сместување на семејствата на повредените

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат во хотелите на територија на градот Скопје. ДЕТАЛНО


Мицкоски-Руте: Можно активирање на НАТО системот за справување со несреќи по пожарот во Кочани

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска со генералниот секретар на НАТО Марк Руте разговарал за пожарот во Кочани, каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Мицкоски и Руте, според информациите на МИА, зборувале за можно активирање на системот на НАТО за справување со несреќи. ДЕТАЛНО


Сочувство од Папата Франциск по трагедијата во Кочани

Папата Франциск, преку телеграма потпишана од кардиналот државен секретар Пјетро Паролин упати порака на сочувство по пожарот во ноќен клуб во Северна Македонија, во кој животот го загубија речиси 60 лица, претежно млади луѓе. ДЕТАЛНО


Во пожарот во Кочани загина тапанарот на ДНК, Горги Горгиев

Струмичкиот музичар Горги Горгиев (24), тапанар на групата ДНК, која синоќа настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е меѓу загинатите. Веста ја потврдија неговиот брат Димитар и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. ДЕТАЛНО


Студентските и училишните домови отворени за сместување на семејствата чии деца се повредени во несреќата во Кочани

Министерството за образование и наука информираше дека семејствата на повредените од несреќата во Кочани кои во моментот се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите за сместување и исхрана во студентските и ученичките домови во Скопје. ДЕТАЛНО


Д-р Серафимова: Најголем дел од настраданите во дискотеката во Кочани загинале како последица на стампедо

Директорката на општа болница со проширена надлежност Кочани, Кристина Серафимова, изјави дека повредените и починатите лица кои биле донесени кај нив биле на возраст од 16 до 24 години и се од Скопје, Штип, Пробиштип, Кочани и од кочанскиот регион. Според неа, најголем дел од настраданите загинале како последица на стампедо предизвикано од паниката по избувнувањето на пожарот во дискотеката. ДЕТАЛНО


Во Клиничката болница во Штип почната идентификацијата на починатите

Во Клиничката болница во Штип донесени се седум деца без знаци на живот, изјави денеска директорот на КБ Штип, Владко Захариев. Во моментот тече процесот на идентификација, досега четири тела на починатите се идентификувани од полицијата. Во болницата сместени се 39 пациенти, претежно со изгореници од втор степен. ДЕТАЛНО


Бугарија прати авион со кој во бугарските болници ќе се превезат петмина тешко повредени во пожарот во Кочани

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада. ДЕТАЛНО


Д-р Серафимова: Најголем дел од настраданите во дискотеката во Кочани загинале како последица на стампедо

Директорката на општа болница со проширена надлежност Кочани, Кристина Серафимова, изјави дека повредените и починатите лица кои биле донесени кај нив биле на возраст од 16 до 24 години и се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани вклучително и од селата на кочанскиот регион. ДЕТАЛНО


Тошковски: Работиме интензивно и се анализира буквално се што може да биде поврзано со овој ужасен настан

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се работи интензивно и се анализира се што може да биде поврзано со синоќешниот пожар во Кочани во кој според последните информации што ги објави тој, починале 59 лица, а 155 се повредени. За четири лица распишана е централна потерница, а досега извршени се разговори со десет хоспитализирани лица, како и со еден од членовите на груата ДНК. ДЕТАЛНО


ЕУ се солидаризира со народот на Македонија во ова тешко време

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани. ДЕТАЛНО


МПЦ-ОА со сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија изрази сочувство до семејствата на загинатите и побрзо оздравување на повредените во трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Сочувство од СПЦ за трагедијата во Кочани

Српскиот патријарх Порфириј упати писмо до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по повод трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, јави МИА од Белград. ДЕТАЛНО


ЈОРСМ: Во истрагата за пожарот во Кочани се вклучува и обвинител од ОЈО Штип

Поради потребата од преземање повеќе дејствија за пожарот во дискотеката во Кочани од кои дел во Основното јавно обвинителство Штип, обвинителскиот тим е проширен и е вклучен уште еден, шести јавен обвинител од штипското Oбвинителство, информираат од Јавното обвинителство. ДЕТАЛНО


Град Скопје изрази сочувство по повод трагичната несреќа во Кочани

Град Скопје изрази сочувство до семејствата на настраданите во трагичната несреќа што ноќеска се случи во Кочани. ДЕТАЛНО


Фудбалерот на Шкупи, Лазаров повреден во пожарот во Кочани, но не е во животна опасност

Фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров е хоспитализиран по големата трагедија ноќеска во Кочани. Лазаров има изгореници, но не е во животна опасност, информираа од ФК Шкупи. ДЕТАЛНО


Три лица со изгореници од пожарот во Кочани ќе бидат пренесени во болница во Солун

Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос. ДЕТАЛНО


„Градски паркинг“ денеска нема да наплатува паркинг на Клинички центар и другите болници

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека денеска нема да наплаќа паркинг на јавните паркиралишта Клинички центар Мајка Тереза, Градска општа болница и Градска општа болница 8-ми Септември. ДЕТАЛНО


Таравари: Дваесеттина најтешко повредени од пожарот ќе се лекуваат во странство

Дваесеттина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство, изјави денеска министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип. ДЕТАЛНО


Министерството за одбрана и војската на Србија испратија итна помош за повредените во Кочани

По наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ, Министерството за одбрана и Армијата на Србија итно испратија 14 лекари и медицински персонал и пет возила на брза помош за да им укажат помош на повредените во синоќешната несреќа во Кочани. ДЕТАЛНО


МНР на Казахстан изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Министерството за надворешни работи на Казахстан изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите од трагичниот настан во градот Кочани и им посакува брзо закрепнување на повредените. ДЕТАЛНО


Муцунски: Нема зборови за утеха за оваа трагедија, повеќе држави понудија помош

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека ова е тажен ден за државата и оти нема зборови што можат да бидат утеха за оваа трагедија. ДЕТАЛНО


Во МНР формиран кризен штаб за координирање со надлежните институции за несреќата во Кочани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, соопшти дека формирало кризен штаб кој редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции. ДЕТАЛНО


Уставен суд: Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти

Уставниот суд изрази длабоко жалење по повод трагедијата што се случи во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени. ДЕТАЛНО


Полицаец на должност загина во пожарот во дискотеката во Кочани

Меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и припадник на Министерството за внатрешни работи, вработен во Полициската станица во Пробиштип. ДЕТАЛНО


Помошта од Израел веќе патува кон Македонија

Израел е меѓу првите држави со веќе подготвена помош од медицинска опрема и медицински персонал, која со авион е веќе испратена во земјава, по трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани. ДЕТАЛНО


Османи со сочуство за несреќата во Кочани

Потресни вести од Кочани, Македонија. Загубата на толку многу млади животи е трагедија која не може да се искаже со зборови, напиша денеска на Х претседателката на Косово Вјоса Османи. ДЕТАЛНО


Османи со сочуство за несреќата во Кочани

Потресни вести од Кочани, Македонија. Загубата на толку многу млади животи е трагедија која не може да се искаже со зборови, напиша денеска на Х претседателката на Косово Вјоса Османи. ДЕТАЛНО


Во „Св.Наум Охридски” се наоѓаат 29 пациенти, двајца на респиратор

Директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски”-Скопје, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека во оваа здравствена установа се хоспитализирани 29 лица од Кочани. Тој посочи дека лицата се на возраст од 17 до 45 години. ДЕТАЛНО


Османи со сочуство за несреќата во Кочани

Потресни вести од Кочани, Македонија. Загубата на толку многу млади животи е трагедија која не може да се искаже со зборови, напиша денеска на Х претседателката на Косово Вјоса Османи. ДЕТАЛНО


Македонскиот народен театар ги откажа сите изведби

Македонскиот народен театар соопшти дека ги откажува сите изведби оваа недела поради трагината несреќа што се случи во Кочани, а во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени. ДЕТАЛНО


Жртвите се на возраст меѓу 14 и 25 години, изјави д-р Серафимова

Директорката на болницата во Кочани д-р Кристина Серафимова на прес-конференција изјави дека загинатите во пожарот во дискотеката синоќа во Кочани се од Скопје, Штип, Пробиштип и од Кочани и блиските општини. Жртвите биле на возраст меѓу 14 и 25 години. ДЕТАЛНО


Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани

Седумдневна жалост ќе биде прогласена по повод трагичната несреќа во Кочани во која, според официјалните информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени. ДЕТАЛНО


Српската Влада го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани

Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени. ДЕТАЛНО


Пленковиќ упати сочувство до Македонија поради пожарот во Кочани

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утринава разговараше со својот македонски колега Христијан Мицкоски и изрази сочувство за пожарот за време на концертот во Кочани, каде утринава загинаа над 50 лица, а над 100 се повредени соопшти хрватската Влада. ДЕТАЛНО


Албанската новинска агенција АТА изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Главниот уредник на дескот за вести од светот на Албанската телеграфска агенција (АТА) Аријан Јоргаки испрати писмо со сочувство до МИА за трагедијата во Кочани во кое истакнува дека во ова време на жалост, АТА се солидаризира со народот на Македонија. ДЕТАЛНО


Стоилковиќ: Србија испраќа воени хеликоптери за повредените да се лекуваат на Воено медицинската академија во Белград

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ објави дека Србија ќе испрати воени хеликоптери по повредените, за да се лекуваат на Воено-медицинската академија (ВМА) во Белград. ДЕТАЛНО


Вучиќ изрази сочуство до Силјановска – Давкова за трагедијата во Кочани: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. ДЕТАЛНО


Католичката црква изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Кочани

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а 155 се повредени. ДЕТАЛНО


Распишана централна потерница за 4 лица за пожарот во Кочани, до моментов загинати 59 лица, 155 повредени

Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, а во која, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани, а од нив пак 31 се од Кочани, четири се од Штип. ДЕТАЛНО


Рама и Бегај изразија сочувство за големата трагедија и подготвеност за каква било помош која е потребна

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази сочувство за големата трагедија во Северна Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош. ДЕТАЛНО


„Меѓаши“ отвори дополнителни телефонски линии за психолошка поддршка за лицата и семејствата по пожарот во Кочани

Првата детска амбасада „Меѓаши“ по пожарот во Кочани во кој загинаа повеќе од 50 лица отвори шест дополнителни телефони за психолошка прва помош за децата и нивните семејства. ДЕТАЛНО


Муртезани: Најдлабоко сочувство до сите погодени во оваа трагедија

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изрази жалење и сочувство до сите погодени од трагедијата во Кочани. ДЕТАЛНО


Муртезани: Најдлабоко сочувство до сите погодени во оваа трагедија

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани изрази жалење и сочувство до сите погодени од трагедијата во Кочани. ДЕТАЛНО


Црвен крст: Во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите

Црвениот крст на Македонија соопшти дека со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции дава придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, а отворени се и наменски телефонски линии за прва психолошка помош. Воедно, апелираат до сите да ја покажат хуманоста и солидарноста за обезбедување помош за настраданите семејства. ДЕТАЛНО


Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените

Родители чии деца се хоспитализирани во Штипската болница по пожарот во дискотеката во Кочани се пуштаат во болницата за да си ги видат децата. ДЕТАЛНО


Реакции на ЕУ на трагедијата во Кочани: Европа тагува со вас на овој трагичен ден

Највисоките претставници на институциите на Европската Унија претпладнево изразија жалење за синоќашна трагедија во Кочани и изразија сочувство за жртвите. ДЕТАЛНО


Села: Тажно утро за сите, ја споделуваме болката со семејствата на жртвите

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села изрази сочувство до семејствата на настраданите во пожарот во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Бугарија изрази жалење и понуди помош по пожарот во Кочани

Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република Северна Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе, напиша на Х бугарскиот претседател Румен Радев. ДЕТАЛНО


Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи во Кочани

Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи по пожарот во Кочани. ДЕТАЛНО


Коцевски: Се уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место. ДЕТАЛНО


Стефковски: Сместување за семејствата на повредените кои се на лекување во Скопје

Општина Гази Баба соопшти дека во координација со Владата, а во соработка со ДУЦОР Партенија Зографски и Студенскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“ обезбедува сместување и храна за членовите на семејствата кои имаат свои повредени на лекување во болниците во Скопје. ДЕТАЛНО


Во Клиничката болница во Штип хоспитализирани 38 пациенти, сите се стабилни со изгореници од втор степен

Во Клиничката болница во Штип во моментот се хоспитализирани 38 пациенти и сите се хемодинамски стабилни со изгореници по лицето и рацете од втор степен, изјави директорот на установата Владко Захариев. ДЕТАЛНО


Телефонски броеви за информации за повредените во пожарот во Кочани

Министерството за здравство објави телефонски броеви на кои може да се добијат повеќе информации за состојбата на повредените во пожарот во дискотеката на Кочани. ДЕТАЛНО


ВМРО-ДПМНЕ: Во овие моменти на голема загуба нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за страшната трагедија во Кочани, во која згаснаа многу млади животи. Ова е еден од најтажните денови за Македонија, велат во пораката со сочуство од ВМРО-ДПМНЕ. ДЕТАЛНО


Бегај: Молитвите на албанскиот народ се со семејствата за загинатите и повредените во Северна Македонија

Албанскиот претседателот Бајрам Бегај изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани во која загинаа над 50 лица, а стотици се повредени. ДЕТАЛНО


Гаши изрази сочувство до семејствата на загинатите, ги повика институциите да го расветлат случајот

Претседателот на Собранието Африм Гаши изрази сочувство за трагичната несреќа во дискотеката во Кочани каде загинаа 51 лице, а над 100 лица се повредени. ДЕТАЛНО


Мицотакис за трагедијата во Кочани: Грција е подготвена да помогне во ова тешко време

Сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс. ДЕТАЛНО


МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. ДЕТАЛНО


Силјановска Давкова: Ова е страшно, никогаш да не се повтори!

Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги посети болниците во Скопје – „Свети Наум Охридски“, „8 Септември“ и Клиничкиот центар, каде што посети дел од повредените во утринскиот страотен пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој според досегашните информации загинало 51 лице. ДЕТАЛНО


Димитриевски: Сочуство до семејствата на загинатите, брзо закрепнување на повредените

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски изрази сочуство до семејствата на загинатите во пожарот во Кочани. ДЕТАЛНО


Калас: ЕУ ја споделува тагата и болката на народот

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во објава на Икс изрази „длабоко жалење“ поради трагедијата во Кочани. ДЕТАЛНО


Агелер: Нашето најдлабоко сочувство до жртвите и нивните најблиски во ова ужасно време

Американската амбасадорка Анџела Агелер упати сочувство до семејствата и најблиските на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Студенти по медицина се самоорганизираат за помагање на настраданите во дискотеката во Кочани

Студенти по медицина се самоорганизираа да помагаат околу настраданите од трагичниот настан во Кочани. ДЕТАЛНО.


Сочувство од српското МНР по трагедијата во Кочани

Српското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до народот и властите во Македoнија по пожарот во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Државниот обвинител Коцевски го предводи тимот обвинители што го истражува пожарот во Кочани

Јавниот обвинител формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија поврзани со пожарот во Кочани. ДЕТАЛНО. 


Тошковски: Има приведени во врска со пожарот во кој загина 51 лице, ве уверувам дека одговорност ќе има

Министертвото за внатрешни работи веќе има приведено лица во врска со пожарот во Кочани, во којшто загина 51 лице, а околу 100 се повредени, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ДЕТАЛНО.


„Ре-медика“ ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во пожарот во Кочани

„Ре-медика“, првата приватна општа болница, ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во големиот пожар во Кочани. ДЕТАЛНО.


Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји

Министерот за здравство Арбен Тараври изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. ДЕТАЛНО.


Институтот за трансфузиона медицина: Располагаме со доволно количини на крв

Институтот за трансфузиона медицина информира дека располага со доволни количини на крв и крвни компоненти од сите крвни групи. ДЕТАЛНО.


Светските и регионалните агенции и медиуми за трагедијата во ноќниот клуб во Кочани

Светските агенции ја пренесоа веста дека рано утринава во пожар во ноќен клуб во Кочани животот го загубија над 50 млади лица. ДЕТАЛНО.


Приведен сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март

Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен. ДЕТАЛИ.


Родители чекаат пред болниците во Кочани и Штип

Родители чии деца биле во дискотеката во Кочани се пред болниците во Штип и Кочани, чекајќи да добијат повеќе информации. ДЕТАЛНО.


Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија

Премиерот ги повикува сите надлежни институции – здравствените служби, полицијата, локалните власти да преземат итни мерки за помош на повредените и поддршка на погодените семејства. ДЕТАЛНО


Герапетритис разговарал со Муцунски и изразил подготвеност на Грција да обезбеди секаква неопходна помош

Подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изразил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. ДЕТАЛНО.


Герасимовски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, Општина Центар стои на располагање да помогне

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изрази сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани и порача дека Општината стои на располагање за да помогне. ДЕТАЛНО.


Марта Кос изрази длабоко жалење за „страшната трагедија“ во Кочани

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите. ДЕТАЛНО


Поради огромната трагедија во Кочани, СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за претседател

Поради огромната трагедија што се случи во Кочани СДСМ ги одложи внатрепартиските избори за Претседател на партијата. Општинските организации на СДСМ ќе се вклучат во помошта за настраданите во пожарот, соопштија од партијата. ДЕТАЛНО


Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ДЕТАЛНО


Филипче: Во овие тешки моменти, најважна е поддршката и заедништвото

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изрази сочувство до семејствата и блиските на настраданите во страшната тагедија во Кочани. ДЕТАЛНО


На Скопските клиники, Градската хируршка болница и во „8 Септември“ хоспитализирани над 80 повредени од Кочани

На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани. ДЕТАЛНО


Мобилизирани сите тимови во Штипската болница

Мобилизирани се сите тимови во Штипската клиничка болница. Овде се и волонтерите на Црвен крст кои делат вода на присутните пред болницата. ДЕТАЛНО


Страшен пожар во дискотека во Кочани, најмалку 50 загинати

Најмалку 50 лица загинаа во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од употреба на пиротехнички средства.  ДЕТАЛНО