Во реновираната кујна е инасталирана најсовремена опрема

Аеродром

По цели 40 години, извршена е темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“, која се наоѓа во објектот „Чекорче“, во општината Аеродром.
Станува збор за многу значаен проект, затоа што во кујната секојдневно се приготвува храна за сите шест клона што ѝ припаѓаат на градинката „Срничка“, во која се згрижени речиси половина од дечињата во Аеродром.
– Реконструкцијата опфати промена на плочките, уривање одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности финансирани од Општина Аеродром, а со средства од Светската банка, кујната е опремена со целосно нова и современа апаратура, како и друга потребна опрема. Вкупната сума за обновувањето на кујната е во висина од 6,5 милиони денари. Современите апарати и другата софистицирана опрема во голема мера ќе им ја олеснат и работата на вработените во кујната, кои неуморно и со голема љубов приготвуваат топли оброци за дечињата што се згрижени во „Срничка“ – велат од Општината.
Во Општина Аеродром велат дека продолжуваат посветено да работат на подобрување на условите во кои се згрижуваат и се воспитуваат најмалите жители.