Фото: Пиксабеј/Илустрација

Делегациите на Русија и САД на состанокот во Истанбул ги договорија чекорите за финансирање на работата на амбасадите и разговараа за можноста за обновување на директниот воздушен сообраќај, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Состанокот, кој се одржа вчера во Истанбул, траеше речиси шест и пол часа, а руската делегација ја предводеше директорот на Северноатлантскиот оддел на Министерството за надворешни работи Александар Дарчиев, додека американската делегација ја предводеше заменичката на помошникот државен секретар на САД, Соната Колтер.

Како што се наведува во соопштението, за време на разговорите било договорено да се преземат заеднички мерки за да се обезбеди непречено финансирање на активностите на дипломатските мисии. Русија, исто така, побара од Вашингтон да ја разгледа можноста за повторно воспоставување на директен воздушен сообраќај меѓу двете земји.

Покрај тоа, темите на разговор го опфатиле рускиот дипломатски имот во САД кој беше незаконски запленет во периодот од 2016 до 2018 година, како и начините за надминување на бројните проблеми и несогласувања во билатералните односи.

Руското Министерство за надворешни работи го оцени состанокот како „содржаен и деловен“.