Фото: Пиксабеј

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар.

Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид, случајот е пријавен вчера во 15.30 часот.

– Во ОВР Дебар е пријавено дека Е.С.(54), наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава- информираше Димоски.

Ваков настан беше регистриран минатата година во подрачното училиште во село Броштица, кое функционира во рамки на ООУ “Мустафа Кемал Ататурк” Центар Жупа.