фото: Пиксабеј

Спасувачи извлекле тела на 11 рудари кои загинале минатата недела откако експлозија на гас метан предизвикала уривање на рудник за јаглен во југозападен Пакистан.

Локалните власти соопштија дека по уште еден рудар се уште се трага.

Во рудниците во Пакистан безбедносните стандарди најчесто се игнорираат, што доведува до несреќи и експлозии.

Секоја година во рудниците во земјата умираат десетици рудари. Рударите се жалат дека сопствениците на рудниците често не им обезбедуваат ни основна безбедносна опрема.