фото: Пиксабеј / Илустрација

Двајца сопружници на постара возраст починале утрово во пожар во запалена куќа на ул. „Херој Карпош“ во Крива Паланка – информираат од Центарот за управување со кризи.

-Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи Ве известува дека во 08.57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.„Херој Карпош“ во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале девет пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот е изгаснат во 10 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години) – информираат од ЦУК.