Со прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите во храмот „Св. Петка“ во населбата Точила, Прилеп, денеска беше одбележан празникот Бадник. Свечениот чин беше збогатен со музичка програма која внесе дополнителна празнична атмосфера, а истовремено беше отворена и уметничка изложба со дел од литературните и ликовни творби создадени од нашите млади учесници.
– Годинава на конкурсот „Рождеството Христово Божик во нашиот дом” пристигнаа околу 430 творби од кои околу 130 беа литературни а останатите ликовни. На првиот конкурс имаше речиси 250 творби – вели в.д. старешината на храмот „Св. Петка“, протоереј Љупче Петрески.
Со манифестацијата се слави Рождеството Христово и се истакнува талентот на младите. Ка.М.