фото: Влада

Во 2025 година ќе растат платите на сите вработени во државата, но нема да растат платите на функционерите, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати, ќе работиме на тоа, но нема тоа право да го имаат функционерите. Тоа го кажавме и тоа го правиме. Правиме измена на законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските плати. Оваа измена на законот наскоро ќе биде пред пратениците – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на спортска сала во населено место Црешево во Општина Гази Баба.

Нагласи дека смета оти тоа е исправен чекор.

– Ценам дека тоа е исправен чекор иако постои дебата. Ќе продолжиме и во иднина да работиме во интерес на граѓаните и на сите оние коишто не гласале и имаат доверба во нас како Влада – потенцира Мицкоски.