Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека предлогот за прекин на огнот во Украина за време на Божиќ и натаму е актуелен, а украинскиот претседател Володимир Зеленски мора сам да преземе одговорност дали ќе го прифати или не.
– Предлогот за прекин на огнот е на маса. Земи или остави. Тоа е твоја одговорност – напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.
Орбан рече дека на маса е можноста за масовна размена на воени заробеници и прогласување на Божиќно примирје.
– Едната страна тоа го прифати, додека се чини дека другата тоа го одби. Но, има уште неколку дена до Божиќ и ние се надеваме на најдоброто – рече Орбан.
Орбан пред една недела изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрлил предлогот на Унгарија до Украина за Божиќ да воспостави примирје со Русија и да изврши голема размена на затвореници.