Неодамна од печат излезе поетската збирка „Каин и Абот, Авел и Костело“ од српскиот поет Ненад Јовановиќ во издание на „Перун артис“, а во препев на Сашо Огненовски. Оваа поетска збирка нѐ води низ погубниот цинизам на дваесет и првиот век, кон сивиот човечки амалгам на безнадежноста и бесмислата, кој низ овие стихови извира од потребата авторот да ги покаже манипулативноста и тесната патека без враќање. Каде ќе оди човекот кога ќе ја изгуби целата смисла на постоењето? Можеби ќе почне од почеток, којзнае?
Низ архаичните изрази и модерните синтагми, Ненад Јовановиќ ни зборува со јазикот на цивилизациското лудило што го донело и парчето леб, кое останало на трпезата од разрушената куќа од која сите членови на семејството што ги познаваме се од улогите што ги учел да ги играат низ дамнешните векови. Каде е патот на смислата? Нема да го бараме и нема да бидеме преплавени со него.
Оваа поетска збирка на Ненад Јовановиќ е лауреат на наградата „Билјана Јовановиќ“ за 2023 година што ја доделува Српското книжевно друштво.