Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе го повика американскиот претседател Џозеф Бајден да разговараат за прашањето за покана на Украина во НАТО, пренесоа денеска украинските медиуми.

– Кога станува збор за поканата за НАТО, сè уште е тешко да се разговара со претседателот Трамп, бидејќи тој се уште не е во Белата куќа и ги нема сите законски овластувања. Ќе го поканам претседателот Бајден во блиска иднина да разговара со мене, доколку има можност и го покрене само прашањето за поканата за НАТО, бидејќи тој во моментов е актуелен претседател на САД и многу зависи од неговиот став“, рече Зеленски по средбата со кандидатот за нов германски канцелар Фридрих Мерц во Киев – пренесува Укринформ.

Според него, многу е важно постојано да се комуницира со американската страна.