Фото: Страница на бугарскиот парламент

Пратениците во бугарскиот Парламент денеска ќе направат шести обид да изберат претседател на 51-то Народно собрание откако не успеаја минатата недела за нов избор.
Новоизбраните пратеници положија заклетва на 11 ноември, но новиот парламент се уште не може да функционира поради неможноста политичките сили да се обединат околу кандидат за претседател на законодавниот дом, јави БТА.

На почетокот на оваа недела, лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, изјави дека направил чекор назад, се повлекол од предлогото за функцијата претседател на парламентот и го предложил Атанас Атанасов од ПП-ДБ за функцијата.

Од ПП-ДБ во став испратен до медиумите одговорија дека Бојко Борисов за премиер е неприфатлив предлог и тие нема да учествуваат во трговија со функции.

Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов се изјасни остро против Бојко Борисов да биде премиер, а Атанас Атанасов да биде претседател на Собранието. Трифонов изјави дека ставот на ИТН останува непроменет. Партијата предложи најстариот пратеник – Силви Кирилов (ИТН) – привремено да раководи со парламентот.

По ставот на ПП-ДБ, вчера претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов на брифинг соопшти дека категорично го повлекува барањето да биде кандидат за премиер. „Веднаш го враќам мандатот кога ќе го добијам“, додаде тој.

„БСП-Обединета левица“ ги покани политичките сили во Народното собрание без ГЕРБ-СДС и „ДПС-Нов почеток“ на средба во потрага по „излез од парламентарната криза“. Борислав Гуцанов од „БСП-Обединета левица“ по средбата дека се подготвени да разговараат за сите можни опции, вклучително и повлекување на кандидатите и нова кандидатура што би ги обединила сите околу нив.