Македонскиот издавач на познатиот шпански автор, „Три“, го носи големиот писател Франсеск Миралјес во Скопје. Миралјес е еден од најчитаните странски автори кај нас, но и во светот. Неговите дела „Икигаи“, „Намасте“ и „Ичиго-ичие“ се продадени во неколку милиони примероци низ целиот свет.
Големата книжевна средба се случи во „Лабораториум“, а читателите имаа можност да се сретнат со човекот што истражувајќи за своите книги, истражи многу за себеси и допре до тајните на источните мудрости.
Миралјес, кој е писател, новинар, пијанист и вечен патник и трагач по вистини, неодамна го читавме во „Намасте“. Па така, на оваа средба ги слушнавме неговите впечатоци и искуства од Индија, древната лулка на цивилизацијата, но исто така и од Јапонија, од каде што ја извлече тајната на долговечноста, како и од секоја друга точка на планетата што го поттикнува да истражува и да создава. Неговите согледувања и директното пренесување на дел од различните источни културни практики ткаат еден необичен книжевен мозаик, што му помага на современиот читател олеснето да издише и одново да се исполни со енергија и животен елан. Миралјес досега има објавено неколку романи и книги од областа на филозофијата на живеењето, а од нив „Намасте“, „Ичиго-ичие“, „Ваби-саби“, „Икигаи“, „Посакувам да си тука“, „Барселона блуз“ и „Љубов со мали букви“ се во издание на „Три“