Фото: Пекселс

Трифектата во Вашингтон (републиканска мајоризација во двата дома на американскиот Конгрес – Претставничкиот дом и Сенатот, како и со Трамповото претседателствување) што ќе следува во јануари, му дава на новоизбраниот американски претседател моќна позиција за да ја спроведе својата агенда. А дури и претходно, со самата изборна победа, граѓаните на САД му делегираа огромна доверба и мандат на Трамп, за тој, со сиот расположлив инструментариум, да се спротивстави на досегашните политики на демократите, што и САД како врвна светска сила, а и светот ги доведоа во позиција на економско-социјална стагнација, сегрегација и внатрешни, а и глобални конфликти по низа основи: политички, економски, трговски и воени конфронтации

Републиканската партија може да практикува власт во полн капацитет во САД

Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон. На тој начин ја воспоставија т.н. вашингтонска трифекта на практикување власт во полн капацитет, по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Тоа ќе биде првпат републиканците да имаат целосен политичкоправен чадор врз Конгресот и Белата куќа од 2018 година. Трамп ја уживаше поддршката на Конгресот во првите две години од неговиот прв мандат, пред демократите да ја вратат контролата врз Претставничкиот дом на среднорочните избори во 2018 година. Имено, граѓаните на САД недвосмислено го искажаа својот став, праќајќи порака и внатре до американските институции и администрација, но и надвор, до другите центри на светската моќ во светот.
Се предвидува дека републиканците ќе го достигнат прагот од 218 места и мнозинство во Претставничкиот дом, а претходно го потврдија мнозинството во Сенатот, каде што исто така освоија најмалку 52 места, при што сегашниот демократ Боб Кејси од Пенсилванија заостанува зад републиканецот Дејв Мекормик со огромен број гласови што останаа да се пребројат.
Републиканците ја потврдија победата уште во вторникот, а републиканските лидери во Претставничкиот дом ветија дека брзо ќе соработуваат со новоизбраниот претседател, републиканецот Доналд Трамп, по неговата инаугурација во јануари.
Трифектата во Вашингтон што ќе следува во јануари му дава на новоизбраниот американски претседател моќна позиција за да ја спроведе својата агенда. А дури и претходно, самата изборна победа, на Трамп веќе му даде значајна контрола врз надворешната политика на САД и врз составот на федералната влада, каде што тој се обидува да направи промени.
Во ситуација на воспоставување целосна власт во Вашингтон од страна на републиканците, Трамп ќе има поголеми овластувања за спроведување на приоритетите во законодавството на САД. Од позиција на моќен граѓански мандат, 78-годишниот новоизбран претседател вети дека ќе ја спроведе најголемата операција за да ја ресетира и трансформира американската економија. Се предвидува дека неговата администрација ќе работи и на поништување на одредени закони потпишани од претседателот во заминување Џо Бајден. Р.С.