Фудбалерот на мадридски Реал, Винициус Јуниор (24), добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, која би го направила најплатен спортист во светот, јавуваат шпанските медиуми, иако не се до крај сигурни од каде дошла понудата. Со оглед на тоа дека неговиот договор со Реал Мадрид трае до 2027 година, клубот Ал Ахли подготвува понуда вредна една милијарда евра во која е вклучена платата на играчот и обештетувањето за Реал, пишува „Гол“.
Од друга страна, „Футмеркато“, Винисиус би добил петгодишен договор вреден една милијарда евра по сезона. „Футмеркато“ пишува дека Винисиус сака да дојде во Арабија, а локалните власти сакаат да го сместат во Ал Хилал и да го направат најплатен играч во историјата на фудбалот. Наводно веќе му доставиле план според кој би имал значително влијание врз спортската политика на клубот …
Бразилецот би бил прашан и за спортската политика во новиот клуб, нешто како Килијан Мбапе во ПСЖ некогаш одамна. Винисиус би станал и заштитно лице на Светското првенство кое во 2034 година би требало да се одржи во Саудиска Арабија. Тој е во Реал од 2018 година. Тој одигра вкупно 279 натпревари и постигна 91 гол. Тој освои две ЛШ и три шампионати на Шпанија. Минатата недела тој заврши на второто место во „Златната топка“.