Фото: Нова Македонијаa

Поради снимање на филм на мостот Беласица, денеска од 06.00 до 18.00 часот Единицата за безбедност на патниот сообраќај  во Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.

Како што информираат од МВР, сообраќајот на улицата „Беласица“ (мост Беласица) периодично ќе се затвора на потегот од крстосница со улицата „Ѓуро Ѓоновиќ“ до крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.