Фото: Приватна архива

Македонскиот писател со меѓународно реноме и претседател на Меѓународниот универзитет „Еуропа Прима“, Јордан Плевнеш, имаше уметнички портрет за неговото творештво на фестивалот „Кирилица“ во Будва, кадешто се презентираат врвни автори од балканскиот и европскиот простор.

Ретроспектива на неговото творештво беше прикажана низ видео снимки од различни изведби на неговите драми во светот, а беседа пред бројната публика за значењето на Плевнеш во светски рамки, одржа режисерот Горан Бјелановиќ.

Уметничката и академска турнеја на Плевнеш продолжи со три предавања во организација на Народната библотека од Подгорица „Радослав Љумовиќ“, за презентацијата на Македонија и балканските култури низ европските метрополи, како и за интеракциите во културниот и образовниот простор меѓу земјите кандидати за членки на Европската унија.

Предавањата беа одржани во духот на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, „Балканот е срцето на Европа“ и беа проследени од голем број на културни работници и студенти на црногорските универзитети, низ живи дебати кои предизвикаа голем интерес и во црногорските медиуми.

На предавањата во кои делото на Плевнеш беше претставено од директорката на библиотеката Славица Иличиќ, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Црна Гора, проф. д-р Зекир Рамчиловиќ.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива