Министерот за јавна администрација Горан Минчев, денеска учествуваше на првата панел-дискусија „Трипартитна соработка за знаења во зелена и дигитална транзиција“, во организација на партнерските организации на проектот, Центарот за развој на Југоисточен плански регион, Сојузот на Стопански комори на Македонија и Емкице КИЦ, која се одржа во Стар Дојран.
Панел-дискусијата е во рамките на проектот SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings, поддржан од Европската Комисија.
– За Министерството за јавна администрација, спроведувањето на проектот SEBCoVE нуди можност за подобрување на стандардите на јавниот сектор преку интегрирање на нови, напредни компетенции во обуката и образованието на работниците. Ова ќе овозможи усогласување со барањата на пазарот на трудот, поддржувајќи ја дигиталната и зелена транзиција – истакна Минчев.
Министерството за јавната администрација, посочи Минчев, како клучен партнер, има значајна улога во овој процес преку обезбедување на инфраструктура и политика која овозможува успешна имплементација на проекти од оваа област.
– Еден од нашите приоритети е целосна поддршка на процесот на едукација и обука на јавната администрација. Обуката на нашите вработени е критична за успешно управување со новите дигитални алатки и решенија. Ние ќе се фокусираме на организирање квалитетни и ефективни обуки кои ќе овозможат вработените во јавниот сектор да бидат подготвени за предизвиците кои ќе произлезат од дигиталната ера – рече министерот за јавна администрација.
Тој нагласи дека министерството ќе работи во создавање на партнерства со меѓународниот, невладиниот, граѓанскиот сектор како и со академската заедница за спроведување на проекти кои ќе придонесат за раст и развој за создавање нови можности во нашата држава.
– Вложувањето во дигиталната и зелена транзиција не е само инвестиција во технологија, туку и инвестиција во иднината на граѓаните на нашата држава – подвлече Минчев.