Фото: Фејсбук

Тимски Македонија заврши на тринаесеттата позиција

КАЈАК – СП, КАТЕГОРИЈА МАСТЕРС

Македонскиот кајакар Љубомир Спасиќ ги освои одличното трето место и бронзениот медал на првото официјално Светско првенство (СП) во дисциплината кајак спуст-класик, категоријата мастерс, кое се одржува на реката Рио Есла во шпанскиот град Саберо. Искусниот Спасиќ имаше за 21,37 послабо време од првопласираниот, Французинот Лорен Маритин, а за само 0,62 послабо време од второпласираниот, шпанскиот кајакар Ксавијер Миралес Пратс.
– Задоволен сум од мојот настап на ова Светско првенство. Имав шанса да се пласирам на второто место, кое ми избега за нешто повеќе од половина секунда – изјави Спасиќ по трката.
Се возеше и тимски во истата категорија, а македонската селекција, во состав Златаров, Блaгој Гугинов и Кристијан Лазаров, заврши на тринаесеттата позиција.
Денеска македонската кајакарска селекција, составена од четворица натпреварувачи, членови на ККК Арка Борец од Велес, ќе продолжи да се натпреварува тимски и индивидуално. Г.И.