Француската министерка за спорт и за Олимписките и Параолимписките игри, Амели Удеа-Кастера, рече дека прекинот на железничките линии е „форма на координирана саботажа“. Зборувајќи за БФМТВ, француската министерка за спорт ги осуди нападите со „најсилни можни зборови“ и рече дека тие се „навистина ужасни“. „Да се игра против Игрите значи да се игра против Франција, против вашиот табор, против вашата земја“, истакна француската министерка за спорт и Олимписките и Параолимписките игри, Амели Удеа-Кастера
Железничката инфраструктура на Франција прва цел на криминалното подземје
Брзите возови во Франција беа цел на неколку „злонамерни“ дејства, вклучувајќи и подметнување пожар, во она што беше опишано како „координирана саботажа“ за да се попречи патувањето пред церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз. Француската државна железничка компанија (СНЦФ) соопшти дека со споменатите „злонамерни дејства“ бил предизвикан прекин на брзите линии на Атлантикот, северот и истокот, при што е предизвикана штета на неколку нејзини објекти.
Француската државна железничка компанија (СНЦФ) соопшти дека едно од дејства е „спречено“, додавајќи дека сообраќајот на овие линии е „многу нарушен“, при што железничката мрежа мораше да пренасочи, а и да се откажат голем број предвидени возови. Од Француската државна железничка компанија нагласија дека членовите на нејзин стручен тим се на самото место за да ги надгледуваат поправките, но рекоа дека се очекува прекинот да трае во текот на целиот викенд.
Од железничкиот центар Реми Вал де Лоара исто така соопштија дека неговите железнички линии ќе бидат во прекин најмалку до понеделник, со пожар во близината на шините во Куртален во северна Франција, што предизвика прекин на патувањето на олимпискиот факел до Париз за почетокот на свеченото отворање.
Француската министерка за спорт и за Олимписките и Параолимписките игри, Амели Удеа-Кастера, рече дека прекинот на железничките линии е „форма на координирана саботажа“. Зборувајќи за БФМТВ, француската министерка за спорт ги осуди нападите со „најсилни можни зборови“ и рече дека тие се „навистина ужасни“.
– Да се игра против Игрите значи да се игра против Франција, против вашиот табор, против вашата земја – истакна француската министерка за спорт и за Олимписките и Параолимписките игри, Амели Удеа-Кастера. Р.С.