Илустрација / Фото: Маја Јаневска-Илиева

Сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

– Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор – објави Николоски на својот фејсбук-профил.

Николовски, најави дека во следниот период ќе мотивираат големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар.