Околу 50 лица, меѓу кои седум деца, го загубија животот со давење во вода за само еден ден во Русија, соопшти денеска прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Констатирано е дека во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти на руските реки, езера и мориња, пренесуваат британските медиуми, додавајќи дека седум деца се меѓу 49-те лица кои се удавија вчера,откако топлотен бран зафати големи делови од земјата.
– Во земјата во последните 24 часа се регистрирани вкупно 65 инциденти, 49 лица загинаа – објави Министерството на апликацијата за пораки Телеграм.
Ова е за 10 инциденти повеќе од бројот на давеници во истиот ден пред една година, пренесуваат руските медиуми.
Минатата недела во Русија беше регистрирано најтоплото време во повеќе од еден век, а Москва го собори рекордот поставен во 1917 година, а голем број градови во најголемата земја во светот издржаа температури над 35 Целзиусови степени.
Хидрометеоролошката служба во петокот соопшти дека јужните и европските делови на Русија се очекува да доживеат невообичаено топло време во текот на викендот, а на некои места се очекуваше температурите да надминат 40 степени Целзиусови.