Францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја фрапира нацијата со хазардерската одлука за распуштање на Националното собрание претходно овој месец, не е на гласачкото ливче, но многу гласачи сметаат дека изборите се референдум за судбината на претседателот кој некогаш се сметаше за способен да премости политички поделби, но чиј рејтинг се урниса по неколкуте ирационални потези што предизвикаа низа политички кризи
Во пресрет на изборите Министерот за внатрешни работи на Франција со сериозно предупредување
Франција би можела да се соочи со граѓански немири и насилство поврзано со изборите, изјави во понеделникот (24 јуни) министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додека изборната кампања влегува во последната недела пред првиот круг на гласање.
– Можно е да има екстремно високи тензии. Народот им вели „не“ на парижаните, на елитите со своите дипломи – изјави Дарманин за радиото РТЛ, додавајќи дека властите се подготвуваат за „многу запалива“ ситуација, со гласањето на помалку од еден месец пред Олимпијадата во Париз во 2024 година.
Францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја шокира нацијата со одлуката за распуштање на Националното собрание претходно овој месец, не е на гласачкото ливче, но многу гласачи сметаат дека изборите се референдум за судбината на претседателот, кој некогаш се сметаше за способен да премости политички поделби, но чиј рејтинг се урниса по неколкуте политички кризи.
Залудни надежи
„Ви верувам“, им рече Макрон на гласачите во „писмото до Французите“ објавено во неделата, во кое се обиде да го прикаже својот табор, кој заостанува зад екстремната десница и новоформираната лева алијанса во анкетите, како последна надеж за стабилност, додавајќи: „Не сум слеп: сам сум свесен за демократските неволји“.
Макрон исто така повтори дека ќе остане на функцијата до крајот на мандатот во 2027 година, без оглед на изборните резултати.
Според францускиот устав, Макрон, кој го отслужува вториот претседателски мандат, повеќе нема право да се кандидира за функцијата на претседателските избори. П.Р.