Поради дефект на водоводната мрежа во близина на трговскиот центар „Лиса“ во Реонски Центар Аеродром, прекин на снабдувањето со вода има во Општина Аеродром, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, а пренесе МИА.
Екипа на ЈП Водововод и Канализација работи на отстранување на дефектот. Во овој момент нема информација колку време ќе нема вода, се посочува во информацијата.