Естонскиот претседател Алар Карис смета дека соседните земји на Русија мора, како што наведе, „да се подготват за најлошото“ и оти Русија нема да се промени ниту по владеењето на претседателот Владимир Путин.
Карис за финскиот јавен сервис Yle изјави дека најважно во моментов е да се запре „руската воена машина“.
– Ќе направиме се што можеме за да ги фрлиме на колена Русија и Путин. Тогаш може да започнат сериозни дискусии за завршување на војната во Украина – рече Карис.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова ја коментираше изјавата.
– А како ќе го направи тоа, нека покаже – рекла Захарова – пренесува РИА Новости.
Естонскиот претседател Алар Карис претходно изјави дека соседните земји на Русија мора, како што наведе, „да се подготват за најлошото“ и оти Русија нема да се промени ниту по владеењето на претседателот Владимир Путин.