Гордана Силјановска Давкова, новата претседателка на Македонија, во Вила Водно беше пречекана од страна до досегашниот претседател Стево Пендаровски.
Таа ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во Кабинетот на Претседателот, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести.
Во „Вила Водно“ таа замина од Собранието каде што ја даде свечената заклетва за совесно извршување на должноста и со обраќање пред присутните пратеници, дипломатскиот кор и претставници на политичкиот и општествениот живот.
Од денеска почнува петгодишниот претседателски мандат на Гордана Сиљановска-Давкова, која е шести претседател и воедно прва претседателка од осамостојувањето на државата.
На Претседателските избори кои се одржаа на 24 април и 8 мај, таа освои 561 000 гласови.