Победник на 68. издание на „Евровизија“, што се одржа во Малме, Шведска е Швајцарецот Немо Матлер (25). Тој освои најмногу поени од жирито и од телефонските јавувања, вкупно 591 бод. Победничкиот трофеј му го врачи минатогодишната победничка Лорин.Видно возбуден, Немо порача дека сите сме едно и секој човек треба да се почитува. Инаку тој во својата песна The Code“ (Код), пее за животното патување во кое сфатил дека не е ниту маж, ниту жена, туку биполарна личност.„Патот до пронаоѓањето на себе си за мене беше тежок и долг“- изјави Немо на една од евровизиските прес конференции.
Тој рече дека евровизискиот натпревар за него бил можност за изградба на мостови меѓу различни кулури и генерации.Немо настапи на голем подвижен круг, облечен во розево, кратко здолниште. Публиката ја одушеви со своите гласовни спосбности.Втор е Бејби Лазања, претставникот на Хрватска, кој важеше за фаворит на кладилниците, заедно со Немо.
Тој имаше одличен настап и предизвика вистинска енергетска експлозија во арената во Малме. Освои вкупно 547 поени.Трета е Украина со 453 гласови, Франција е на четврото место со 445 бода, а Израел се пласираше на петото место со 375 поени.Годинашниот избор го следеа бројни скандали, дисквалификации и измени, а во текот на сите фестивалски денови се одржуваа и демонстрации против настапот на Израел. И самата Лорин рече дека нема да го предаде трофејот, доколку победи претставничката од оваа земја.