Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси денеска изјави оти Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) „му одржа лекција“ на најголемиот непријател на земјата – Израел.
– Казнувањето на агресорот, што беше искрено ветување на моќниот и мудар лидер на Исламската револуција, се оствари – посочи Раиси.
Тој ги предупреди израелските сојузници да не планираат контранапад.
– Ги советуваме поддржувачите на окупаторскиот режим да ја ценат оваа одговорна и пропорционална акција на Исламската Република Иран- посочи Раиси.
Тој додаде дека во случај на непромислено однесување на Израел, реакцијата на Иран ќе биде посилна.
– Доколку ционистичкиот режим или неговите поддржувачи покажат непромислено однесување, ќе добијат порешителен и многу посилен одговор – наведе Раиси.