Кучешки маскенбал/ Фото: Маја Јаневска-Илиева
Во организација на ЈП „Лајка“ денес во градскиот парк се одржа максенбал на кучиња.
Учесниците се натпреваруваа во две категории – најубава маска на куче и наубаво маскирани куче и сопственик.
-Главната цел на овој настан ни е да ја покренеме свеста за вдомувањето и секако, да се забавуваме и дружиме заедно со четири ножните пријатели – изјави Радмила Пешева, директорка на ЈП Лајка.
За најдобрите маски спонзорите подготвија вредни награди кои добитниците во најголем дел ги донираа на ЈП „Лајка“.