Седум хуманитарни работници биле убиени во Појасот Газа во, како што рече основачот на нивната добротворна организација, израелски воздушен напад.
Меѓу загинатите вработени во шпанската организација Светската централна кујна (World Central Kitchen-WCK) има работници од Полска, Австралија, Ирска и Велика Британија.
Основачот на WCK и готвач Хозе Андрес рече дека тие биле убиени „во воздушен напад на ИД (Израелските одбранбени сили).
ИД извести дека спроведува „темелна истрага за овие наводи“.
Организацијата Светска централна кујна е вклучена во испораката на помош за Газа, која од март пристигна во воената зона со бродови од Кипар.
Организацијата ја презеде и дистрибуцијата на помош за луѓето во Појасот Газа.
Светската централна кујна денеска објави дека ја прекинува работата во Газа по нападот.
-Светската централна кујна веднаш ги суспендира своите операции во регионот. Наскоро ќе донесеме одлуки за нашата идна работа – изјави извршната директорка, Ерин Гор за „Тајмс оф Израел“.