СВР Скопје до надлежното Обвинителство денеска поднело кривична пријава за обид за убиство против пет лица. Настанот се случил на 8 март, околу 19 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, кога петте лица, според пријавата, со остар и тврд предмет го нападнале М.А.(33) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди.
Во полициската акција по инцидентот биле прведени С.Е.(30), И.Е.(27), Х.Е.(48), Б.Е.(23), сите од Скопје, а денеска е приведен и Ј.Б.(20) од Скопје.
Двајца од приведените (С.Е. и Х.Е.) им е определен 30-дневен притвор, а на И.Е. и Б.Е. им е одреден домашен притвор.