Едно лице вечерва е убиено со огнено оружје крај локалниот пат од Долно кон Горно Блаце во близина на Скопје.
– Во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје – потврдуваат од Министерството за внатрешни работи и нагласуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.