Министерот Ѓоко Велковски, кажа дека МТСП веќе постапува во однос на проверките на градинките за вакцинирани и делумно вакцинирани деца против голема кашлица.
– Инспекциските служби кои вршат надзор во градинките, го прават тоа според својата надлежност. Тие се секојдневно на терен, по редовни или вонредни инспекциски надзори прават контроли, а го опфаќаат и делот на проверка на досиејата на децата кои се запишани во градинката. Треба да постои вакцинален картон со сите примени вакцини согласно возраста на детето – рече министерот.
Тој додаде дека во моментот се прави контрола за да нема присутни деца во градинките, кои ги немаат сите документи во досието.
– Тоа е првиот начин да се спречи проширувањето. Таму можеме да спречиме, да не оди болеста по нагорна линија – кажа Велковски.