Пуштени се во продажба билетите за најновото издание на „Златна бубамара на популарноста“, убедливо најпопуларната манифестација кај нас, која годинава ќе се одржи на 22 февруари, во арената „Борис Трајковски“.
– Под мотото „Кој чека, ќе дочека“, омилената манифестација ќе направи сѐ што ветила во рамките на својот 27. мандат – сатирично ќе ја раскаже изминатата година и ќе ги донесе на иста сцена најпознатите уметници од Македонија и регионот… Во време кога нема никаков ред – редно е да имаме ред и седиште на 27-та „Златна бубамара на популарноста“. Влезот ќе биде дозволен и за посетители со стари лични карти и пасоши, за кои ќе има организирано колективно фотографирање, делење обрасци и потписи – порачуваат организаторите.
Од организацијата најавуваат незаборавен спектакл од три часа.