ТУРНИР ВО ВАЈК АН ЗЕ
Победникот од лани, Холанѓанецот Аниш Гири, изби сам на врвот со 3,5 поени од четири кола, на традиционалниот и еден од најстарите турнири во светот, холандски Вајк ан Зе, турнир што го нарекуваат и „шаховски Вимблдон“.
Гири го победи Индиецот Домарају Гукеш иако ривалот даде силен отпор. Светскиот шампион, Кинезот Динг Лирен, загуби од Индиецот Рамешбабу Прагнананда, Кинезот Веи Ји ја искористи грешката по првата контрола на Иранецот Пархам Магсудло за да освои цел поен, Германецот Александар Донченко имаше предност против Русинот Јан Непомнијашчи, но не успеа да ја реализира и на крајот го поделија поенот. Со реми завршија и партиите помеѓу Алиреза Фирузја од Франција и Нодирбек Абдусаторов од Узбекистан, Жорден ван Форест од Холандија и Гујрати Видит од Индија и Макс Вармердам од Холандија со Кинезинката Венјун Ју.
Табела по 4. коло: Гири 3,5, Фирузја 3, Прагнананда, Абдусаторов, Ји и Непомнијашчи со по 2,5, Видит, Лирен и Вармердам по два, Гукеш, Ван Форест по 1,5, Донченко и Ју по еден и Магсудло половина поен. Г.И.