Светот никогаш не бил толку блиску до избувнувањето на Третата светска војна, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп обраќајќи им се на своите приврзаници во Ајова.
– Мислам дека никогаш не сме биле во толку голема опасност од трета светска војна како што сме сега. И како што велам во секој говор, ќе спречам трета светска војна, ги познавам сите тие луѓе – рече Трамп.
Според политичарот, САД под управата на неговиот наследник Џозеф Бајден станале „слаба и неефикасна држава“ чие мислење не се зема предвид на светската сцена.
Трамп истакна дека Третата светска војна, ако започне, нема да биде вообичаено бојно поле меѓу армиите и воената опрема на двата противници.
– Ова воопшто не е исто како Првата и Втората светска војна. Тоа беше страшно, но оваа ќе биде многу поголема, ќе има уништување – додаде политичарот.